Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ до работодавачи за мерка 3.1 Обука на работно место за познат работодавач
Primary tabs
Ве информираме дека Граѓанските организации се подобни за учество во активната мерка 3.1 Обука на работно место за познат работодавач и дека преку неа, со вработување може да им помогнете на лицата кои примаат гарантирана минимална помош. Со нивно вработување тие ќе бидат вклучени на пазарот на трудот, ќе добијат надомест за времето поминато на обука пред вработувањето, а работодавачот/граѓанската организација ќе добие соодветен финансиски надоместок за меторирање.
Условите кои е потребно да се исполнат за учество во оваа мерка се детално опишани во огласот (ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2021 МЕРКА 3.1 - РЕОБЈАВЕН) ОБУКА НА РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ) кој е објавен на веб страната на АВРСМ https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
Поволностите кои Граѓанските организации ги имаат во однос на останатите работодавачи се следниве:
· Граѓанските организации кои ќе вклучат во обука жени од ромската етничка заедница не мора да имаат најмалку едно вработено лице на неопределено;
· Доколку граѓанските организации вклучат во обука жени од ромската етничка заедница бројот на лица вклулени во обука може да биде поголем од 50% од вкупниот број на вработени лица на неопределено време.
На невработеното лице учесник во мерката ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 9.000,00 денари , со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до три (3) месеци. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 15.000 денари по обучено лице по завршена обука. Работодавачот има обврска да вработи најмалку 50 % од лицата вклучени во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци.
Огласот е отворен до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за оваа мерка.
За сите дополнителни прашања обратете се во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Дополнителни информации за вработување на лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), можат да се добијат во ИПА канцеларијата на ipa@avrm.gov.mk.