Консултации за Нацрт-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024
Primary tabs
Граѓанското општество е клучна компонента на секој демократски систем и продолжува да биде препознаено како такво од државните институции. Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024 година, има за цел унапредување на околината во која функционира и се развива граѓанското општество кое придонесува во зајакнување на демократското управување и воспоставување на структурен дијалог со граѓанското општество. Нацртот на овој стратешки документ е резултат на повеќемесечна активност на Работната група составена од претставници на Генералниот секретаријат на Владата, ресорните министерства и граѓанските организации кои доставија предлози на повикот објавен на www.nvosorabotka.gov.mk во мај оваа година.Се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации да достават мислење по Нацртот на Стратегијата и Акцискиот план, со конкретни забелешки и предлози, до 10 ноември 2021 година, по електронски пат на адреса nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Мислење по Нацрт-Стратегијата 2021-2024“.