1.2
Primary tabs
1.2. Јавни консултации и дебати со граѓански организации, институции и други засегнати страни за измените на Законот за здруженија и фондации
Показатели |
Спроведени четири јавни консултации/дебати за измените на Законот за здруженија и фондации (една национална и три локални) со опфат на повеќе од 100 претставници на граѓански организации |
Надлежна институција |
Министерство за правда, Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество |
Рок на спроведување |
2 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Активностите за подготовка на законот ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот. Потенцијална донаторска поддршка во делот на јавни консултации и информативни настани |
Статус:
Реализирано
Преземени активности:
Министерството за правда на 11.04.2022 годинана веб страниците www.pravda.gov.mk и www.nvosorabotka.gov.mk објави Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на измените на Законот. На 12 и 13.12.2022 преку проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ, се одржаа четири консултативни тркалезни маси со претставници на граѓански организации за Законот за здруженија и фондации (Правно препознавање на други форми на здружување; Овозможувачка околина за граѓанските организации; Организации и активности од јавен интерес; и Заштитата на непрофитниот карактер). Извештајот од консултациите е достапен на https://eu4cr.mk/wp-content/uploads/2023/02/Consultation-report-Summariz....
Дополнителни информации: