1.4
Primary tabs
1.4. Градење на капацитетите на институциите и граѓанските организации за доследна примена на Законот за здруженија и фондации
Показатели |
Подготвени коментари на измените на законот; Спроведени најмалку четири информативни настани со корисниците на законот (граѓански организации, институции итн.) |
Надлежна институција |
Министерство за правда, Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество |
Рок на спроведување |
3 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Активностите за подготовка на законот ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот. Потенцијална донаторска поддршка во делот на јавни консултации и информативни настани |
Статус:
Во тек
Преземени активности:
На 12 и 13.12.2022 преку проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ, се одржаа четири консултативни тркалезни маси со претставници на граѓански организации за Законот за здруженија и фондации (Правно препознавање на други форми на здружување; Овозможувачка околина за граѓанските организации; Организации и активности од јавен интерес; и Заштитата на непрофитниот карактер). Извештајот од консултациите е достапен на https://eu4cr.mk/wp-content/uploads/2023/02/Consultation-report-Summariz...
Дополнителни информации: