2.2.

2.2. Овозможување пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт)

Показатели

 

Надлежна институција

Централен регистар на Република Северна Македонија,

Министерство за информатичко општество и администрација,

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

2 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

Реализирано

Преземени активности:

Во вториот квартал од 2022 г., Централниот регистар на РСМ ги креираше динамичките извештаи со прилагодливи податоци, а во третиот квартал од 2022 г. ги овозможи - направи достапни за државните институции и општините преку сопствениот Дистрибутивен систем На 29.9.2022 г. се одржа online презентација за услугата - овозможување на пристап до податоци за граѓанските организации, на која учествуваа вработени во Одделението за соработка со невладини организации на Ггенералниот секретаријат, членови на Мрежата државни службеници за соработка со граѓански организации и други претставници од ресорните министерства. За корисниците на Дистрибутивен систем согласно член 18а од Закон за Централен регистар (корисниците и единките корисници на средства од буџетот на Република Северна Македонија од областа на законодавната, извршната и судската власт и од единиците на локалната самоуправа) производот ќе биде достапен на нивно барање по склучување на анекс кон Договорот за користење на податоци преку Дистрибутивен систем.

Дополнителни информации:

Undefined