5.3.
Primary tabs
5.3. Формирање работна група за измени на законска рамка за данокот на додадена вредност во насока на ослободувања од ДДВ за кофинансиран дел на одобрените проекти поддржани од донаторите
Показатели |
/ |
Надлежна институција |
Министерство за финансии, Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество |
Рок на спроведување |
3 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Потенцијална донаторска поддршка |
Статус:
Преземени активности:
Според Министерството за финансиии, барањето за измени на даночните акти со цел да се овозможи реализација на мерката е неприфатливо од причина што е во спротивност со Директивите на ЕУ. Зголемувањето на листата на добра кои би се ослободиле од ДДВ ја нарушува неутралноста на овој данок, врши притисок врз зголемување на висината на општата стапка на ДДВ и ќе предизвика и негативни фискални импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија.Ослободувањето од данок на додадена вредност кое се однесува на добрата и услугите кои се набавени од донираните средства произлегува од меѓународните договори, каде еден од условите е средствата да не се користат за даночни цели.
Дополнителни информации:
Би се нарушила неутралноста и праведноста на самиот данок на додадена вредност а истото негативно ќе се одрази во извештајот на Република Северна Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија, во делот на поглавјето кое се однесува на Оданочувањето (Поглавје 16).