8.4.
Primary tabs
8.4. Измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (да се интервенира во членот 16 од Законот каде што: 1) се додава развој на граѓански организации регистрирани по Законот за здруженија и фондации, како основа за дополнително финансирање (проширување на опфатот); 2) износот на средствата се определува на најмногу 50% од вкупниот приход од игрите на среќа и забавните игри утврден во претходната календарска година, но не помалку од 120 милиони денари; и 3) распределбата на финансирање на институционалната поддршка на организациите основани врз основа на Законот за здруженија и фондации ја врши Фонд основан со посебен закон, кој ја извршува функцијата за поддршка, унапредување и развој на граѓанското општество)
Показатели |
Усвоени се измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во партиципативен и консултативен процес со граѓански организации кадешто е: 1) додаден развојот на граѓанските организации регистрирани по Законот за здруженија и фондации, како основа за дополнително финансирање (проширување на опфатот на Законот); 2) износот на средствата се определува на најмногу 50% од вкупниот приход од игрите на среќа и забавните игри утврден во претходната календарска година, но не помалку од 120 милиони денари и не повеќе од 150 милиони денари; и 3) распределбата на финансирање на институционалната поддршка на организациите основани врз основа на Законот за здруженија и фондации ја врши Фонд основан со посебен закон, кој ја извршува функцијата за поддршка, унапредување и развој на граѓанското општество |
Надлежна институција |
Министерстсво за финансии, Министерство за труд и социјална политика, Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество |
Рок на спроведување |
1 квартал 2024 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Активностите за измена на законот ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот |
Статус:
Преземени активности:
Дополнителни информации: