9.3.
Primary tabs
9.3. Унапредување на соработката со постојните ефективни тематски мрежи на граѓанските организации за структуриран дијалог во процесот на креирање, спроведување, следење и оценување на политиките
Показатели |
Број на одржани консултативни средби на органите на државната управа со тематски мрежи на граѓански организации |
Надлежна институција |
Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации |
Рок на спроведување |
3 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамки на редовните работни задолженија на вработените и во рамките на одобрените средства во буџетот |
Статус:
Преземени активности:
Врз основа на online-анкета во март 2023, со учество на 117 граѓански организации, Граѓанскиот ресурсен центар подготви Извештај од анкета за идентификување на мрежи на граѓански организации - 2023 (https://rcgo.mk/wp-content/uploads/2023/09/izveshtaj-od-anketa-za-identi...). Според истражувањето, од 64 мрежи во 15 сектори, Заштита на животната средина (12%) и Демократија и владеење на правото (11%) се области во кои се идентификувани најголем број мрежи. Воедно, формирана е јавно достапна база на мрежи на граѓански организации (Адресар од мрежи на граѓански организации https://rcgo.mk/mrezhi/). При изработката на Националната стратегија за млади 2023-2027, Агенција за млади и спорт одржа низа консултативни средби. Во стратегијата се опфатени осум тематски области, секоја тематска област се работеше со посебна група на учесници (претставници на граѓански организации, средношколци, студенти, чадор младински организации и претставници на државните органи. Секоја работна група одржа минимум 3 средби. Покрај овие средби се организираа и работни средби и консултации со средношколците од цела држава, со политичките подмладоци, со членовите на клубот за младински прашања во Собранието на РСМ, како и со чадор организациите. Предлог текстот на НСМ 2023-2027 беше објавена и на ЕНЕР. Министерството за надворешни работи одржува редовни консултативни средби, како и електронска комуникација и координација со цел подготовка и усогласување на текст на извештаи согласно обврските кои произлегуваат од договорните тела за човекови права кон кои земјата има пристапено. Во 2023 по електронски пат беше циркулиран нацрт текстот на Петтиот периодичен извештај на Република Северна Македонија по Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права на ОН, а и друг груб, нехуман или деградирачки третман или казнување. Во 2023, во соработка со ОН Канцеларија на Резидентен Координатор и OHCHR од страна на МНР беа организирани консултации со граѓанскиот сектор во однос на процесот за Универзалниот периодичен преглед.
Дополнителни информации: