11.3.
Primary tabs
11.3. Изработка на регистар на граѓански организации согласно овој модел кои што ќе бидат вклучени во процесот на пристапните преговори со Европската Унија
Показатели |
Воспоставен е регистар на граѓански организации за учество процесот пристапни преговори со Европската Унија; Број на пријавени граѓански организации во регистарот |
Надлежна институција |
Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации, Секретаријат за европски прашања |
Рок на спроведување |
3 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамки на редовните работни задолженија на вработените и во рамките на одобрените средства во буџетот |
Статус:
Преземени активности:
На 28.11.2022, Секретаријатот за европски прашања објави јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Целта на овој повик е создавање на регистар/база на граѓански организации на кои СЕП ќе може да смета во текот на процесот преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија и кои ќе може да ги известува континуирано и да ги консултира повремено за прашања поврзани со преговорите за пристапување. Сите заинтересирани граѓански организации може да се пријават за една или повеќе области и поглавја од правото на ЕУ за оние области и поглавја во рамки на нивното поле на делување, преку пополнување на електронска регистрациска форма. Во базата на Секретаријатот за европски прашања се регистрирани околу 180 граѓански организации.
Дополнителни информации: