16.2.
Primary tabs
16.2. Формирање на работна група за изработка на измени на Законот за јавни собири, Законот за полиција и Законот за јавен ред и мир, како и на другата легислатива применлива за оваа проблематика
Показатели |
|
Надлежна институција |
Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Jавно обвинителство на Република Северна Македонија, Народен правобранител |
Рок на спроведување |
3 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот |
Статус:
Преземени активности:
Во Министерството за внатрешни работи-Оддел за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси сеуште не е доставена иницијатива за формирање работни групи со цел ревидирање на постојната, односно донесување на нова законска, подзаконска регулатива во рамки на предметната област. Од МВР е предложено Генералниот секретаријат да иницира одржување на консултативни состаноци со надлежните институции кои се носители на овие активности, за да се разгледа потребата од ревизија на законската рамка и да се утварди кои делови од законите би се менувале со оглед дека се работи за три закони кои се од голема важност за работата на полицијата.Вакви состаноци сеуште не се одржани.
Дополнителни информации:
Предвидените рокови се кратки за измена на законската регулатива од оваа проблематика, потребно е подолг временски период за детално да се разгледа потребата од промени, кои делови би се промениле и слично.
Да се одржат консултативни состаноци за потребата од ревизија на законската рамка која го засега правото на собир со надлежните институции кои се носители на овие активности.