19.1.

19.1.Поддршка на програми и активности за промоција и едукација за социјалното претприемништво и социјалните претпријатија

Показатели

Број на јавни повици за финансирање предлог-проекти од локални, национални средства и средства од Европската Унија чија цел е иницирање, постигнување и одржување на солвентноста на иницијативите за социјално претприемништво; Број на граѓански организации кои успешно спровеле проекти (преку јавните повици) финансирани од локални, национални извори и извори од Европската Унија; Број на социјални претпријатија формирани од страна на граѓанските организации преку спроведените проекти.

Надлежна институција

Министерство за труд и социјална политика

Рок на спроведување

Почнувајќи од 1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

̃Во рамките на годишните буџети на надлежните институции за спроведување на одделни програми: АВРСМ-Оперативен план за активни програми и мерки за вработување 1.4 милј.денари годишно; МТСП-грантова програма за развој на социјални услуги 154 мил.денари годишно; ФИТР-грантова програма

Статус: Реализирано

Преземени активности:

Во рамки на  ИПА проектот „Поддршка на социјални претпријатија“ финансиран од ЕУ  во периодот  февруари-март 2022 се започна со спроведување на активности за обука и 10 часа  бесплатно менторство  за потенцијални и веќе постоечките социјални претпријатија, односно на  граѓански организации, социјални претпријатија, претпријатија со социјална мисија. Преку јавен повик  објавен во јануари 2022 избрани се 20 ментори кои доаѓаат од различни деловни области и се внесени во базата на податоци на Центарот за социјални претпријатија и регионални центри за поддршка. Менторската поддршка и совети  од еден или повеќе ментори се  приспособени  на индивидуалните потреби на  граѓански организации, социјални претпријатија, претпријатија со социјална мисија  во однос на  продажба, производствени процеси, развој на бизнис план,  соработка со локални бизниси или институции, менаџмент, сметководство, управување со финансии итн.).
Во периодот ноември -декември 2021 се реализираа еден национален саем и 8 регионални  саеми  за промоција на иницијативи за социјални претпријатија и  промоција на  нивните услуги и производи. Во текот на месец февруари 2022 се продолжени активности за промоција на регионално ниво на иницијативни за социјално претприемништво.  На 24.9.2022 во Скопје се одржа Саем на граѓански организации и социјални претпријатија, со поддршка на ИПА проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Undefined