22.1.

22.1.Организирање на промотивни активности за зголемување на волонтерството кај граѓаните

Показатели

Број на спроведени активности годишно за промоција на волонтерството

Надлежна институција

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Национален совет за промовирање и развој на волонтерството, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

4 квартал 2022/ континуирано

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

600.000 денари годишно

Статус:

Преземени активности:

На 5.12.2023, во Ресурсниот центар во Штип се одржа дебата „Култура на волонтирање – реалност или предизвик“. На настанот организиран во рамките на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ повеќе од 80 претставници на граѓански организации и млади имаа можност да дебатираат за состојбата, но и како да се подобри културата на волонтирање во државата. Во дискусијата се констатираше дека законската рамка за волонтирање во државата ги има основните предуслови за непречено волонтирање на сите заинтересирани поединци и субјекти кои имаат интерес да вклучат волонтери, но за интензивирање на културата на волонтирање потребно е проактивна улога од страна на здруженијата на граѓани на локално ниво, институциите, стопанските субјекти , училиштата и секако соодветна мотивација на сите заинтересирани лица да имаат интерес да волонтираат во заедницата во која делуваат (https://rcgo.mk/vesti/mladite-i-graganskite-organizacii-zaedno-debatiraa...).     

Дополнителни информации: За 2023

Имплементацијата на активностите за промоција на волонтерството, односно за формирање на Националниот совет за промовирање и развој на волонтерстовото ќе следи по донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за волонтерството, по што треба да се формира и Националниот совет за развој на волонтерството кој треба да ги координира активностите во делот на промовирање и јакнење на капацитетите за волонтерство, како и воопшто, на активностите предвидени со Акцискиот план на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството 2021-2025

Undefined