22.2.
Primary tabs
22.2.Градење на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на програми и проекти за волонтерство
Показатели |
Број на спроведени проекти за поттикнување на волонтерството финансирани од национални или локални извори, Евроспка Унија и други донатори |
Надлежна институција |
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Национален совет за промовирање и развој на волонтерството, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации |
Рок на спроведување |
4 квартал 2022/ континуирано |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
600.000 денари годишно |
Статус:
Преземени активности:
Во рамките на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, на 5.12.2023, во Ресурсниот центар во Штип се одржа дебата „Култура на волонтирање – реалност или предизвик“, со учество на повеќе од 80 претставници на граѓански организации и млади.
Дополнителни информации: За 2023
Имплементацијата на активностите за промоција на волонтерството, односно за формирање на Националниот совет за промовирање и развој на волонтерстовото ќе следи по донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за волонтерството, по што треба да се формира и Националниот совет за развој на волонтерството кој треба да ги координира активностите во делот на промовирање и јакнење на капацитетите за волонтерство, како и воопшто, на активностите предвидени со Акцискиот план на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството 2021-2025