Показател на успешност

Зголемено непосредно учество на граѓанските организации во процесите на креирање политики (Број на претставници на граѓански организации членови на работни групи на органите на државната управа, Број на доставени иницијативи од граѓански организации до институциите)

Од вкупно 26 работни групи формирани од страна на ресорните министерства за подготовка на предлози на закони утврдени од Владата во 2022 година, за 12 предлози на закони или во 46,15%% од формираните работни групи биле вклучен претставници на граѓански организации. Според одговорите на Прашалникот за механизмите на консултација со граѓанските организации при подготовка на предлог-законите и други акти во 2022 година, за 20% од утврдените предлози на закони во 2022 година министерствата сметаат дека придонесот на граѓанските организации е задоволителен, за 16.67% предлози на закони дека е суштински, за 15% предлози на закони оцениле дека придонесот е недоволен, додека пак за 48.33% од утврдените предлози на закони министерствата не се изјасниле (Извештај за процесот на консултации при подготовка на предлог-закони, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации во 2022 година, разгледан од Владата на 180.седница, 22.8.2023).

Macedonian