Показател на успешност
Primary tabs
Намалување на соодносот помеѓу: најавени и ненајавени јавни собири; бројот на поднесени пријави за пречекорување на полициски овластувања и употреба на прекумерна сила и пријави за кои од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е утврдено дека се основани; бројот на пријави по кои постапувало Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, а се врзани со правото на мирен собир и бројот на покренати обвиненија и осудителни пресуди; поднесени претставки до Народен правобранител кои се однесуваат на пречекорување на полициски овластувања и бројот на мислења во кои е утврдена повреда
Во 2023 година се одржани 486 јавни собири од кои 325 се најавени и 161 ненајавени. Споредено со 2022 година забележано е зголемување за 49% на соодносот помеѓу најавени и ненајавени собери. Во текот на 2023 година Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи по 62 предмети за пречекорување на полициските овластувања и прекумерна употреба на физичка сила, од нив утврдил дека шест се основани, за кои поднесени се три кривични пријави за 7 полициски службеници, а за останатите три предмети поднесено е известување до Основно јавно обвинителство- Одделението за гонење кривични дела, додека за 12 полициски службеници поднесен е Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, поради пречекорување на полициските овластувања и прекумерна употреба на физичка сила. Воедно, Одделот за предметите по кои има постапувано, а поради потребата од претходно прибирање на известување до ОЈО- Одделението за гонење кривични дела, достави 18 известувања заради нивно запознавање. Воедно, до Народниот правобранител поднесени се 11 претставки кои се однесуваат за пречекорување на полициските овластувања и прекумерна употреба на физичка сила на полициски службеници на МВР и за сите се доставени одговори до Народниот правобранител од надлежните организациски единици во МВР.