Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации

Министерството за правда ги известува граѓанските организации дека започна со спроведување на процес за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации.

Со цел овозможување директно и суштинско учество на граѓанските организации во сите фази од процесите за подготовка на Предлог измените, а согласно начелата на транспарентност и отвореност, Министерството за правда ги повикува граѓанските организации да достават свои предлози за измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации. 

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата, контакт податоци и опис на предлогот со образложение за причините поради кои се предлага измена и/или дополнување.

Предлозите можете да ги доставите до Министерството за правда на bpps@mjustice.gov.mk.

Рокот за доставување на предлозите е 26 април 2022 година.

Во прилог на овој повик се објавува и документот за дискусија Кон реформа на Законот за здруженија и фондации - Краток преглед на клучни предизвици и препораки изработен во рамки на проектот Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија финансиски поддржан од Европската Унија.

Macedonian