НАЈАВА НА ИНФОРМАТИВЕН ДЕН ЗА 4-ОТ ТЕМАТСКИ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА ИНТЕРЕГ ЕУРО - МЕД ПРОГРАМАТА

Секретаријатот за европски прашања најавува Информативен ден посветен на 4-от тематски повик за финансирање на проекти во рамки на Интерег Еуро-МЕД, кој го организира во соработка со Заедничкиот секретаријат на Програмата.

Информативниот ден ќе се одржи на ден 29.04.2024 година во Центарот за обуки за Секретаријатот за европски прашања.

Учеството на информативниот ден може да се пријави најдоцна до 25 април, 2024 година на следната емаил адреса: ivan.despotovski@sep.gov.mk.

Агендата за настанот ќе биде навремено споделена со регистрираните учесници.

 

4-от тематски повик ќе биде отворен во периодот 12 март – 12 јуни оваа година. Истиот е наменет за поддршка на проекти во сите оперативни мисии на Програмата и треба да придонесе кон остварување на следните приоритети и специфични цели:

 

Мисија 1: Зајакнување на иновативна одржлива економија

o   Приоритетна оска 1: Поддршка на паметен Медитерански регион

§ Специфична цел 1.1: Консолидирање/зајакнување нa конкурентна и иновативна средина

o   Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени

§ Специфична цел 2.6: Поддршка на развојот на циркуларна економија

 

Мисија 2: Заштита, обновување и подобрување на животната средина и природното наследство

o   Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени

§ Специфична цел 2.4: Промовирање на активности за адаптација на климатските промени и превенција од ризици

§ Специфична цел 2.7: Подобрување на природата и биодиверзитетот

 

Мисија 3: Промовирање на зелена животна средина

o   Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени

§ Специфична цел 2.4: Промовирање на активности за адаптација на климатските промени и превенција од ризици

 

Мисија 4: Зајакнување на одржливиот туризам

o   Приоритетна оска 1: Поддршка на паметен Медитерански регион

§ Специфична цел 1.1: Консолидирање/зајакнување нa конкурентна и иновативна средина

o   Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени

§ Специфична цел 2.4: Промовирање на активности за адаптација на климатските промени и превенција од ризици

§ Специфична цел 2.6: Поддршка на развојот на циркуларна економија

§ Специфична цел 2.7: Подобрување на природата и биодиверзитетот

 

Повикот е наменет за следните типови на тематски проекти:

o   проекти за тестирање – преку пилот активности да се тестираат заедничките инструменти, политики, стратегии и акциони планови веќе идентификувани преку претходно спроведени проекти, со цел утврдување на конкретни решенија преносливи на поголем број на корисници и територии, и

o   проекти за трансфер на резултати - пренесување и ширење на постојните резултати од конкретен проект, како и повторување и зголемување на обемот на резултатите од проектот во други области на Медитеранскиот регион и неговите соседни области.

Буџетот на ЕУ средства за овој повик изнесува околу 44 милиони евра, со кои ќе се финансираат 80% од прифатливите трошоци на одобрените проекти. Останатите трошоци (20%), кои не се покриени со ЕУ средства, треба да бидат обезбедени од национални извори за кофинансирање (јавни или приватни).

 

Потенцијални корисници на средства од повикот, во зависност од тоа на која мисија од Програмата проектот е фокусиран, се:

-        јавни институции на локално, регионално и централно ниво и здруженија формирани од нив,

-        високообразовни институции и центри за образование и истражување,

-        меѓународни организации регулирани со национално законодавство,

-        граѓани, невладини организации и здруженија,

-        стопански комори,

-        мали и средни претпријатија, и др.

 

Детални информации за повикот може да се најдат на веб – страната на Интерег Еуро - МЕД програмата, на следниот линк: https://interreg-euro-med.eu/en/call-4-thematic-projects/

Macedonian