Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за 5 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на 5 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите: Земјоделство и рурален развој, Медиуми и информатичко општество, Заштита на животната средина, Спорт и ЕУ интеграции и политики.

 

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

Macedonian

Јавен повик/ Известување Субвенционирање на плати за вработување на корисници на гарантирана минимална помош

Дали сте граѓанска организација која има потреба од финансиска поддршка за нови вработувања? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот?

 

Ако одговорот е - ДА , активната мерка 2.1 Субвенционирање на плати е соодветна за Вас.

Јавниот оглас за мерка 2.1 Субвенционирање на плати е објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г .

Огласот е наменет за работодавачи, односно граѓански организации кои сакаат да вработат корисници на гарантирана минимална помош, а се регистрирани како невработени во АВРСМ.

Macedonian

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ до работодавачи за мерка 3.1 Обука на работно место за познат работодавач

Ве информираме дека Граѓанските организации се подобни за учество во активната мерка 3.1 Обука на работно место за познат работодавач и дека преку неа, со вработување може да им помогнете на лицата кои примаат гарантирана минимална помош. Со нивно вработување тие ќе бидат вклучени на пазарот на трудот, ќе добијат надомест за времето поминато на обука пред вработувањето, а работодавачот/граѓанската организација ќе добие соодветен финансиски надоместок за меторирање.

Условите кои е потребно да се исполнат за учество во оваа мерка се детално опишани во огласот (ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2021 МЕРКА 3.1 - РЕОБЈАВЕН) ОБУКА НА РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ) кој е објавен на веб страната на АВРСМ https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx 

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повик за гласање за избор на 5 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по јавниот повик за избор на 5 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областите Земјоделство и рурален развој, Медиуми и информатичко општество, Заштита на животната средина, Спорт и ЕУ интеграции и политики, објавен на 12.5.2021 година и Јавен повик до организациите да го дадат свој

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS