На 4.9.2024 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, во Скопје, се одржа дебата на тема Зајанување на соработка меѓу Владата и граѓанското општество. На настанот, дискусијата беше фокусирана на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество - моментална состојба и идни чекори. Генералниот секретар на Владата г. Игор Јанушев во своето обраќање истакна дека граѓанските организации се срцето на секоја демократска држава.