Submission #261

Спорт, хоби и рекреација
Здружение Центар за Кинезиологија Велес
www.kineziologija.mk
angelgusev@yahoo.com
070/265-250
Методија Андонов Ченто 4/-1-10 1400 Велес
Центар за кинезиологија - Велес е здружение од областа на кинезиологијата (Наука за движењата) настанато по иницијатива на слободно здружени полнолетни граѓани, педагози по фузичка култура и спорт и спортски активности , љубители на спортот, спортски работници, спортисти, рекреативци и тренери кои ги прифаќаат одредбите на овој статут, заради истражувачка работа во областа на кинезиологијата, организираното бавење со спорт и спортски активности како и соработка со други здруженија и организациии со иста или слична платформа, организирање на симпозиуми, научни собири и спортски манифестации на сите нивоа во општината, Републиката и на меѓународен план.
Во Центар за кинезиологија - Велес членуваат , педагози по фузичка култура и спорт и спортски активности , љубители на спортот, спортски работници, спортисти, рекреативци, тренери и граѓани, кои делуваат на остварување на целите и задачите во областа на кинезиолошките активности и истражувања, потоа спортот и спортските активности, во согласност со уставот на Р. Македонија, законот за здруженија и фондации и законот за спорт на Република Македонија.
Како посебни цели и задачи на Центар за кинезиологија - Велес се утврдуваат :
- организирање односно учество во организацијата на стручни и научни собири во областа на кинезиолошките истражувања, спортскиот менаџмент и други дејности поврзани со кинезиологијата како наука за движењата и нејзиното функционирање и унапредување;
- унапредување на постојните и осмислување на нови кинезиолошки програми и организациски решенија
- организирање на програми и настани за промиција на кинезиологијата , fair play-от и олимпизмот
- организирање односно учество во организацијата на спортски приредби и манифестации
- кинезиолошки истражувања на одредени групи (ученици од основно и средно образование, студенти, спорстки клубови, рекреативци) и нивните потреби од кинезиолошки активности
- истражување и изработка на модели за управување со спорски објекти
- изработка на кинезиолошки истражувачки проекти за локаните самоуправи - општините и спортските заедници и клубови
- изработка на стратегија за развој на спортот
- изработка на мрежа на спортски објекти
- истражување и изработка на критериуми за вреднување на спортските резултати
- истражување и изработка на критериуми за финасирање на спортски проекти и програми
- истражување на можностите за стандардизација и изработка на стандарди за проектирање, изработка, опремување на спортски и училишни спортски објкети
- поттикнување, омасовување и развој на кинезиолошките активности (спортот и спортско рекреативните активности) во училиштето,
- грижа за одржување при користење на објектите за спорт ,
- здравствената заштита на спортистите и рекреативците,
- стручно усовршување на своето членство,
- покренува иницијативи за уредување на одделни прашања од делокругот на својата работа преку правила,прописи, договори и сл.,
- соработува со другите спортски организации, секции и клубови,
- афирмација на кинезилошките (спортските активности) во училиштата, општината и пошироко.
Треба да нагласиме дека Здружението Центар за Кинезиологија Велес се има стекнато и со Сертификат за квалитет IASS 2019:2021"
Соработка со сите спортски институции и спортски федерации и образовни институции
Мрежна соработка со сите спортски институции и спортски федерации и образовни институции
1
55
нема