Submission #299

Образование и наука
Центар за одржливост и напредна едукација
info@csae.mk
070 700 237
Арон Ароести 17
Граѓаните се здружени во Центарот за одржливост и напредна едукација заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се :
Напредна, отворена и практична едукација за одржливиот развој, енергетска ефикасност, органско производство, социјална слобода и еднаквост и секоја позитивна прогресивна гранка која го штити интегритетот и слободата на единката во исто време штитејќи го и светот околу него Отворена едукација и промовирање на слободен пристап до обуки, информации, неформално образование Промовирање на концептот за одржлив развој како концепт кој подеднакво се грижи за социјалната правда, животната средина и ненасилното живеење Практично залагање за енергетска ефикасност
Грижа за амбиентот преку заштита на животната средина и поттикнување на органско земјоделие Поддршка на развој на независни алтернативни медиуми кои емитираат навремени и независни информации
Развој на демократските процеси до степен кога секој има слобода и можност во истиот момент да одлучува за својата иднина без да го наруши исполнувањето на потребите на другите Градење на мирот преку промовирање на ненасилна асертивна комуникација и разрешување на конфликтите преку консензус
Работа на разни активноста со партиципативни методи - развој преку учество на заедниците
Импакт Фондација
Здружение за одржлив развој „ПЕЛИСТЕР“
Мрежа за рурален развој на Република Северна Македонија
Гордана Мишевска
4
1