Submission #309

Демократија, човекови права и владеење на правото
Асоцијација за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права Менаџер за корпоративна безбедност - Скопје
www.korporativnabezbednost.mk
info@korporativnabezbednost.mk
070 606 994
ул. Пандил Шишков бр. 10/19
Асоцијацијата е посветена на значењето, развојот и промоцијата на концептот за корпоративна безбедност, почитување на владеење на правото и заштита на човековите слободи и права во оваа област.
Добиените резултати од сопствените истражувачки проекти и активности, Асоцијацијата, во континуитет и транспарентно ќе ги претставува пред стручната, научната и поширока општествена јавност, со цел да придонесе кон унапредување на концептот за корпоративната безбедност во РСМ.
Цели на Асоцијацијата:
- унапредување на концептот на корпоративната безбедност во РСМ;
- јакнење на професионалната одговорност, интегритет и дигнитет на менаџерите на корпоративната безбедност;
- промоција на корпоративните безбедносни функции и заштита на човековите слободи и права;
- инклузија на дипломираните детективи, криминалисти и студентите на универзитетите каде што се изучува теоретски корпоративната безбедност, преку нивно информирање, спроведување на практична настава и обука за нивно вклучување во практичното функционирање на корпоративната безбедност во нашата држава.
Задачи на Асоцијацијата:
- промоција на стручна и научна литература од областа на корпоративната безбедност, владеењето на правото и човековите слободи и права;
- информирање на стручната, научната и поширока општествена јавност за современите сознанија за корпоративната безбедност, почитувањето на човековите слободи и права;
- научно истражување на состојбите кои се однесуваат на концептот zа корпоративната безбедност, заштитата на човековите права и владеењето на правото;
- истражување на ставовите на јавноста во РСМ во врска со реформите во корпоративната безбедност;
- остварување соработка со невладините и стручни здруженија да организираат и даваат експертизи од областа на корпоративната безбедност;
- организирање на стручни советувања, конференции, семинари, предавања и други форми на заедничка работа;
- унапредување, развој и промоција на концептот на корпоративна безбедност и јакнење на професионалните и корпоративните стандарди;
- промоција на позицијата менаџер на корпоративна безбедност;
- јакнење на партнерството помеѓу јавниот и приватниот безбедносен сектор.
1. Southeast Europe Corporate Secutity Association (SEECSA), со седиште во Загреб
2. Хрватското здружение менаџери за сигурност
3. Центарот за стратешки истражувања на националната безбедност - ЦЕСНА Б од Белград
4. Institut za korporativne varnostne studije – Ljubljana, Slovenija
5. Srpska asocijacija menadzera korporativne sigurnosti, Beograd, Srbija
6. Udruzenje za drustveni razvoj I prevenciju kriminaliteta, Mostar, BiH
/
Проф. д-р. Атанас Козарев
45
/