Submission #339

Образование и наука
Здружение на просветни работници на Град Скопје
/
zdruzenieprosvetnirabotnici@gmail.com
076/242-774; 076/202-119
ул. “165”бр.19А, Центар - Скопје
Здружението на просветни работници на град Скопје е доброволна, неполитичка општествена организација и легитимен претставник на просветните работници на град Скопје кои се негови членови. Конституирано е на 28.12.2000 година со Одлука на Сојузот на просветните работници на РМ, донесена на 01.11.2000 година, а со Решение З.Г.бр. 120/1 од 23.07.2001 год. е регистрирано во Основниот суд Скопје I Скопје. Работата и активностите на здружението се однесуваат на обединување на општественото и професионалното работење и делување на просветните работници и нивните организациони облици во градот Скопје, унапредување на воспитно – образовната дејност во сите облици, соработка со исти или слични организации од другите градови низ државата, организирање на ученички натпревари, организирање на манифестации, трибини, семинари, конгреси и други соработки со воспитно – образовна тематика.
Здружението активно соработува со сите воспитно - образовни установи на територијата на Град Скопје, со разни наставнички здруженија и асоцијации, универзитети, БРО, СОНК, МОН, локалната самоуправа и др.
Сојуз на просветни работници на РСМ
Здружението е регистрирано во European Commission Participant Register
Катерина Митковска
26
/