Submission #398

Деца, млади и студенти
КРЕАТИВ ТИМ 22 ВЕВЧАНИ
/
creativeteam.mk@gmail.com
077-901-550
ВЕВЧАНИ
Примарната дејност се децата, младите и студентите да се поттикнат на креативно размислување и едуцирање за процесите на неповолните климатски услови и наоѓање начин на локално стопирање на климатските промени.
Дејноста би се одвивала преку вклученоста на младите во руралниот развој, особено за поттикнување на младински активизам во руралните средини низ Македонија. Целта е да се организираат работилници и проекти од областа на животната средина и природа со цел да се проучуваат и зачуваат назаштитените подрачја во Македонија и проучување на ендемските видови на Јабланица, Караорман и Галичица.
Информирање на човековите права и согледување на секое дете како индивидуа кои права ги има во училиште, дома, надвор, во секојдневното живеење. (пр.: табу-теми).
Темите за проекти би биле разновидни и би се организирале преку осмислување и организирање на теми за дискусии, дебати и средби во интерес на младите од целата држава со Ваша соработка и Ваше одобрување.
Презентирање, координирање и активна соработка со другите здруженија од Македонија и истакнување на специфичности како и организирање на семинари и активности што се од корист за општествената заедница и култура.
Со оглед на тоа што станува збор за нова невладина организација формирана на крајот на 2022 година, ова ни е првично обраќање и регистрирање во Македонија. Во теков на овој период успеавме да се регистрираме само на сајтот на Еразмус +, а во нашата земја Ви се обраќаме Вам за нова соработка.
Еразмус +
Верица Мукоска
4
0