Submission #17

Образование и наука
ЗДРУЖЕНИЕ НА МАТЕМАТИЧАРИ ОХРИД
http://matematikaoh.weebly.com/; http://matematikaohrid.blogspot.mk/
zmo.ohrid@yahoo.com
078/496-045
Ул. 7 Ноември бр. 58
Здружението на математичари Охрид е здружение на граѓани, наставници и професори по математика, одделенски наставници од основните и средните училишта од Охрид и Дебрца. Здружението како Друштво на математичари на општините Охрид, Струга и Кичево е основано во далечната 1978 година, а, во 1991г одина е преименувано во Здружение на математичари на општините Охрид, Струга и Кичево, додека со најновите законски измени за здруженија се пререгистрира во 2011 година во Здружение на математичари Охрид (кратенка ЗМО). Ние сме основна клетка на Сојузот на математичари на Република Македонија (СММ www.smm.com.mk ). Во здружението членуваат наставниците и професорите по математика и физика, но и секој оној граѓанин кој ќе сака да биде член е добредојден во нашите редови.
Здружението се грижи за развој на математиката, нуди подршка на сите наставници во реализацијата на наставниот процес, здружението е во состав на Сојузот на математичари на Македонија. Здружението се грижи за организирање и спроведување на Училишен (Општински) натпревар и Регионалниот натпревар по матемнатика за основно образование, како и спроведување на Меѓународниот натпревар Кенгур во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. Од 2011 година во состав на здружението е оформена секција Шаховска Школа Ласкер која се обидува да го промовира шахот во Охрид како спортска дисциплина која го помага логичкото размислување кај децата http: http://laskerohrid.weebly.com/ и http://laskerohrid.wordpress.com/. Како редовна активност на ШШ Ласкер е одржување на часови по шах два пати неделно и организирањето на отворени турнири во шах за учениците од основните училишта во Охрид.
Сојуз на математичари на Македонија;
Шаховска Федерација на Македонија.
Сојуз на математичари на Македонија
Борис Лушески
89
/