Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2017 година, во вкупен износ од 50.000.000,00 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, преку два типа на грантови: Тип 1 - грантови во висина од  1.845.000 до 3.075.000  денари и Тип 2 - грантови во висина од 307.500 до 615.000 денари. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 28.04.2017 година

 

Macedonian

Информативни настани за Повикот за проектни предлози за грантовата шема „Зголемено учество на граѓанскиот сектор во процесот на интеграција во ЕУ“

Во периодот од 1 до 3 февруари 2017 година Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии и Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата организираат три информативни настани за Повикот за проектни предлози: „Зголемено учество на граѓанскиот сектор во процесот на интеграција во ЕУ “ EuropeAid/138660/ID/ACT/MK финансиран од Европската унија преку ИПА ТАИБ 2013, во:

  • Битола, 1.02.2017 година, Општина Битола, бул.1 Мај бр.61, од 12:00 до 14:00 часот
  • Скопје, 2.02.2017 година, ЕУ Инфо Центар, бул.Св.Кирил и Методиј бр.52б, од 11:00 до 13:30 часот
  • Штип, 3.02.2017 година, Општина Штип, ул.Васил Главинов бр.4Б, од 12:00 до 14:00 часот

Повикот е објавен на https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome и http://cfcd.finance.gov.mk, а рокот за поднесување на проектно резиме е 27 февруари 2017 година. Се покануваат сите заинтересирани да учествуваат на информативните настани.

Macedonian

Национална награда за волонтерство за 2016 година

Националниот совет за развој на волонтерството и Министерството за труд и социјална политика доделуваат Национална награда за волонтерство за 2016 година. Наградата се доделува во четири категории:

  • награда за волонтер на годината (физичко лице);
  • награда за организатор на волонтерска работа (правно лице);
  • награда за волонтерска практика (правно лице);
  • награда за медиуми (правно лице).

 

Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 година

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РM“ бр.99/11).

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS