Повик за учество во работна група за изработка на стратегија за соработка на владата со граѓанскиот сектор

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на  Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2018-2020.

Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор е значаен документ кој ќе ги содржи основите за соработка на Владата на Република Македонија и органите на државната управа со граѓанските организации и мерките за обезбедување поволна средина за развој на граѓанскиот сектор. Со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на овој стратешки документ, ќе се формира работна група составена од претставници на здруженија и фондации и од членовите на Mрежата на државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор, кои активно ќе учествуваат со предлагање на цели, мерки и активности на Стратегијата.

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и Јавен повик за гласање во областите „Демократија и владеење на правото“ и „Култура“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите. Поради два прворангирани кандидати во областите „Демократија и владеење на правото“ и „Култура“, гласањето во овие области се повторува. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 26.2.2018 година. Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар. Организациите што го оствариле своето право на глас во периодот од 22.01 до 6.02.2018 година и нивниот глас се сметал за важечки, немаат право повторно да гласаат.

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повик за гласање за избор на 16 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по јавниот повик за избор на 16 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, објавен на 21.12.2017 година, во секоја од областите на дејствување од член 3 став (3) на Одлуката и Јавен повик до организациите да го дадат својот глас само за еден од кандидатите во областа на нивното дејствување. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 6.2.2018 година. Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар.

 

Извештај со јавен повик за гласање

Образец за гласање

Macedonian

Jавен повик за избор на 16 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Врз основа на член 6 став (1) од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 16 членови на Советот од редот на здруженијата и фондациите. Oрганизациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации можат да предложат кандидат за член на Советот во една од следните области: развој на граѓанскиот сектор, демократија и владеење на правото, промоција и заштита на човековите права и антидискриминација, економски и одржлив развој, наука, образование и доживотно учење, млади, социјална заштита и заштита на деца, заштита на маргинализираните лица, родова еднаквост, заштита на здравјето, земјоделство и рурален развој, култура, медиуми и информатичко општество, заштита на животната средина, спорт, ЕУ интеграции и политики.  Рокот за поднесување на пријавите е до 10.1.2018 година.

 

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS