Јавен повик за учество на два претставници на здруженија и фондации во работата на Главниот штаб за управување со кризи, без право на глас

Главниот штаб за управување со кризи, на седницата одржана на 20.11.2020 година, донесе заклучок за зајакнување на своите капацитети со надворешни соработници од граѓанскиот сектор, односно преку Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор да обезбеди присуство/учество без право на глас на две лица од областа на човековите права. Кандидатите треба да имаат професионални компетенции и граѓанска активност во областа на човековите права, а организациите што ги предлагаат да се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации најмалку три години пред објавувањето на јавниот повик и во статутот на имаат утврдени дејности и цели во областа на човековите права.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 30.11.2020 година.

Јавен повик

Образец на пријава

 

Macedonian

Одржана 24. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 2 ноември 2020 година се одржа 24. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за претставниците на граѓанскиот сектор во Заедничкиот консултативен комитет за граѓанското општество на Европската Унија и Република Северна Македонија, ги номинираше следните кандидати:

Благица Петрески, Финанце Тхинк - Институт за економски истражувања и политики Скопје (член);

Данче Даниловска–Бајдевска, Фондација Отворено општество – Македонија (член);

                                                  Зоран Илиески, Коалиција на младински организации СЕГА Прилеп (набљудувач).

Дополнително, Советот го задолжи Одделението за соработка со невладини организации да достави допис до надлежните институциите со преглед на нереализирани активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020, со барање институциите да достават известување за преземените активностите, образложение на причините поради кои активноста не била реализирана и рок во кој планираат активноста да се спроведе. 

Macedonian

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Повик до граѓанскиот сектор за учество во мерката Субвенционирање на плати за вработување на корисници на гарантирана минимална помош

Дали сте невладина организација која има потреба од финансиска поддршка за нови вработувања? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот? Ако одговорот е - ДА Јавниот оглас Субвенционирање на плати е погоден за Вас.

Јавниот Оглас Субвенционирање на плати го објавува  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година.

Macedonian

Јавен повик за учество на два члена и еден набљудувач од здруженија и фондации во Заедничкиот консултативен комитет за граѓанското општество на ЕУ и РСМ

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на барање на Министерството за труд и социјална политика, објавува Јавен повик за учество на два члена и еден набљудувач од здруженија и фондации во Заедничкиот консултативен комитет за граѓанското општество на Европската Унија и Република Северна Македонија. Кандидатите треба да имаат професионални компетенции и граѓанска активност од области на економско-социјалната сфера (владеење на право, човекови права, заштита на животната средина, вработување и пазар на труд, социјална заштита, работни односи, законодавство на Европската Унија), а организациите што ги предлагаат да се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации најмалку три години пред објавувањето на јавниот повик и во статутот на имаат утврдени дејности и цели во овие области.

Јавен повик

Образец на пријава

Известување до Министерството за труд и социјална политика

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS