Консултативна средба со граѓанскиот сектор


На 21.12.2015 година(понеделник), од 10:00 до 12:00 часот, во ЕУ Инфо центарот (Делегација на Европската унија, Св.Кирил и Методиј бр.52б, Скопје) ќе се одржи консултативна средба со граѓанскиот сектор во врска со целите и приоритетните области од ИПА 2013 грантовата шема „Зголемено учество на граѓанскиот сектор во реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ“. Заинтересираните граѓански организации можат да го пријават своето учество на следната е-меил адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk.

Извештај

 

Macedonian

Национална награда за волонтерство за 2015 година

Националниот совет за развој на волонтерството и Министерството за труд и социјална политика доделуваат Национална награда за волонтерство за 2015 година.Наградата се доделува во четири категории:

  • награда за волонтер на годината (физичко лице);
  • награда за организатор на волонтерска работа (правно лице);
  • награда за волонтерска практика (правно лице);
  • награда за медиуми (правно лице).
Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор

 

П О В И К

ДО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ЗА ПРИДОНЕС ВО ПОДГОТВУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2016ГОДИНА



Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2016 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РM" бр.99/11).

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS