Thirrje publike për pjesëmarrjen e një përfaqësuesi të sektorit civil në Grupin Punues për monitorimin e zbatimit të Strategjisë së Qeverisë për Transparencë

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на барање на Националниот координатор за одговорно владеење и транспарентност, објавува Јавен повик за учество на еден претставник на граѓанскиот сектор во Работната група за следење на напредокот во спроведување на Стратегијата за транспарентост на Владата на Република Северна Македонија (2019-2021). Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Пријава за РГ Стратегија за транспарентност“ најдоцна до 11 март 2021 година.

 

Јавен повик за учество на еден претставник на граѓанскиот сектор во Работната група за следење на напредокот во спроведување на Стратегијата за транспарентост

Пријава за учество на еден претставник на граѓанскиот сектор во Работната група за следење на напредокот во спроведување на Стратегијата за транспарентост

 

Albanian

Pyetje dhe përgjigje në lidhje me Njoftimin për mbështetje financiare të shoqatave dhe fondacioneve për vitin 2021

Одговорите на прашањата за појаснување на Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година, кои пристигнаа на e-mail адресата nvosorabotka@gs.gov.mk до 22.02.2021 година, можете да ги најдете во прилог.

Прашања и одговори во врска со Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година

 

Albanian

Shpallje për mbështetje financiare të shoqatave dhe fondacioneve

Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации, во вкупен износ од 20.000.000 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации преку грантови  од 600.000 до 900.000 денари, во седум приоритетни области. Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е најдоцна до  17 март 2021 година.

 

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Образец на Пријава

Образец на Предлог-проект

Albanian

Thirrje publike për organizatat joqeveritare që punojnë në fushën e parandalimit të korrupsionit dhe sundimit të ligjit

Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Со цел креирање на ефикасни мерки и политики а со оглед на отвореноста на Владата од особено значење е придонесот од невладините организации, кои работат во областа на спречување на корупција и владеење на правото. За таа цел ги повикуваме преставниците на невладиниот сектор да достават  предлози и идеи кои би се инкорпорирале во  планот на Владата за борбата против корупцијата и криминалот.

Доставените предлози треба да содржат:

  • Конкретни препораки и образложение за истите
  • Конкретни активности за спроведување на препораките
  • Надлежни инситуции за спроведување на активностите
  • Предлог рок за исполнување на активностите

Предлозите треба да се достават до Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk  најдоцна до 19 февруари 2021 година до 16:30 часот.

 

Albanian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS