Одржана 27. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Screenshot_2.png

На 28 декември 2020 година се одржа 27. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за планирање на областите и специфичните приоритети за финансирање на активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. На седницата Советот ја разгледа Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2021 година, изработена согласно предлозите од граѓански организации и коментарите од органите на управата. Советот препорача намалување на бројот и конкретизирање активностите, а во однос на висината на грантовите, мнозинството членови на Советот го поддржа предлогот од 600.000 до 900.000 денари.

 

Macedonian

Јавен повик за учество на граѓански организации во развивање на Национална Стратегија за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со Светска Банка, започна проект – Техничка помош за зајакнување на системот за управување со катастрофи на Северна Македонија, за преглед и ажурирање на Националната Стратегија за заштита и спасување од 2014 година и преглед на клучните придружни национални планови и документи за проценка, со користење на модифициран пристап за решавање на предизвиците од пандемијата со Ковид-19.

Macedonian

Консултации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации во 2021 година

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на 26.тематска седница, одржана на 7.12.2020 г. разгледа предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации од предлог-буџетот на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година, предложени од граѓански организации преку членовите на Советот и заклучи дека е потребно да се обезбеди мислење по предлог-приоритетите и активностите од сите министерства и да се организира консултативен процес со граѓанскиот сектор.

Се повикуваат граѓанските организации активно да се вклучат во консултативниот процес и да достават свое мислење и предлози по Табелата со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 г., најдоцна до 25.12.2020 година, на електронската пошта nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Мислење за приоритети за финансиска поддршка на ГО“.

Табела со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 г.

 

Macedonian

Одржана 26. тематска (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 7 декември 2020 година се одржа 26. тематска (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за планирање на областите и специфичните приоритети за финансирање на активности на здруженија и фондации од Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. На седницата Советот разгледа предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Владата на Република Северна Македонија за 2021 година, предложени од граѓански организации преку членовите на Советот и експертско мислење со предлози за измена на член 7 од Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмски активности здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија. Советот заклучи дека е потребно да се обезбеди мислење по предлог-приоритетите и активностите од сите министерства и да се организира консултативен процес со граѓанскиот сектор.

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS