Известување за 5-от тематски повик за финансирање на проекти во рамки на Интерег Еуро - Мед програмата

Секретаријатот за европски прашања известува за отворениот 5-ти тематски повик за финансирање на проекти во рамки на Интерег Еуро-МЕД Програмата.

5-от тематски повик ќе биде отворен во периодот од 18 јуни до 26 септември оваа година. Истиот е наменет за поддршка на проекти во сите оперативни мисии на Програмата и треба да придонесе кон остварување на следните приоритети и специфични цели:

Мисија 1: Зајакнување на иновативна одржлива економија

Приоритетна оска 1: Поддршка на паметен Медитерански регион

  • Специфична цел 1.1: Консолидирање/зајакнување нa конкурентна и  иновативна средина

Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени

  • Специфична цел 2.6: Поддршка на развојот на циркуларна економија

Мисија 2: Заштита, обновување и подобрување на животната средина и природното наследство

Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени

  • Специфична цел 2.4: Промовирање на активности за адаптација на климатските промени и превенција од ризици
  • Специфична цел 2.7: Подобрување на природата и биодиверзитетот

Мисија 3: Промовирање на зелена животна средина

Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени

  • Специфична цел 2.4: Промовирање на активности за адаптација на климатските промени и превенција од ризици

Мисија 4: Зајакнување на одржливиот туризам

Приоритетна оска 1: Поддршка на паметен Медитерански регион

  • Специфична цел 1.1: Консолидирање/зајакнување нa конкурентна и  иновативна средина

Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени

  • Специфична цел 2.4: Промовирање на активности за адаптација на климатските промени и превенција од ризици
  • Специфична цел 2.6: Поддршка на развојот на циркуларна економија
  • Специфична цел 2.7: Подобрување на природата и биодиверзитетот

Повикот е наменет за следниoт тип на тематски проекти:

  • стратешки територијални проекти – чија цел е да одговорат на потребите и заедничките предизвици на специфична, идентификувана типологија на територија, во стратешка тема за оваа територија.

Буџетот на ЕУ средства за овој повик изнесува околу 35 милиони евра, со кои ќе се финансираат 80% од прифатливите трошоци на одобрените проекти. Останатите трошоци (20%), кои не се покриени со ЕУ средства, треба да бидат обезбедени од национални извори за кофинансирање (јавни или приватни).

Потенцијални корисници на средства од повикот, во зависност од тоа на која мисија од Програмата проектот е фокусиран, се:

  • јавни институции на локално, регионално и централно ниво,
  • високообразовни институции и центри за образование и истражување,
  • меѓународни организации регулирани со национално законодавство,
  • невладини организации и здруженија,
  • стопански комори,
  • мали и средни претпријатија, и др.

Во врска со овој повик, Секретаријатот за европски прашања најавува одржување на Информативен ден за што ќе бидат објавени дополнителни информации.

Детални информации за повикот може да се најдат на веб – страната на Интерег Еуро - МЕД програмата, на следниот линк: https://interreg-euro-med.eu/en/call-5-strategic-territorial-projects/

Контакт лице во врска со оваа Програма е Иван Деспотовски, емаил адреса: ivan.despotovski@sep.gov.mk

Macedonian