Состаноци со Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество

Во текот на месец декември 2025 година, Одделението за соработка со невладини организации организираше редовни индивидуални состаноци со членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество од Министерство за јавна администрација, Министерство за локална самоуправа, министерство за европски прашања, Министерство за економија и труд, Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство. Целта на состаноците беше информирање за мерките од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2025-2028 со посебен осврт на Пасошите на показатели за следење на спроведувањето на Стратегијата и нивно соодветно дополнување како и методологијата за прибирање на податоците. Воедно, на состаноците беше објаснет и процесот на подготовка на извештајот за спроведување на Стратегијата, согласно Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на секторските и мултисекторските стратегии („Службен весник на РСМ“ бр.122/22).

Macedonian