Консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од Буџетот за 2020 година
Primary tabs
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Одделението за соработка со невладини организации во Генерален секретаријат, ве поканува да земете учество во консултациите за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од Буџетот за 2020 година. Консултациите се организираат во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ која е финансирана од Европската Унија.
Консултациите ќе се организираат во следните три градови и термини:
- Скопје на 12 ноември (вторник) од 11 до 14 часот во хотел ТЦЦ Гранд Плаза
- Битола на 14 ноември (четврток) од 11 до 14 часот во хотел Милениум
- Штип на 15 ноември (петок) од 11 до 14 часот во граѓански ресурсен центар – Штип, простории на мултимедијалниот центар Канал 77)
Ве молиме да го потврдите вашето учество најдоцна до 11 ноември (понеделник) 2019 година. на следната е-мејл адреса: fiv@mcms.mk. Во насловот на е-мејл пораката (subject) ве молиме наведете за кој град се пријавувате. За учесниците кои доаѓаат од други градови ќе биде покриен транспортот во висина на повратен автобуски билет. Во вашата пријава наведете од кој град доаѓате и оставете контакт информации (име и презиме, е-мајл и телефон).