Одржана 23. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

 

 

На 24 септември 2020 година во Клубот на органите на управата, се одржа 23. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. 

Советот номинираше претставници на граѓанскиот сектор (член и заменик член) во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027) од кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно Јавниот повик што Советот, на барање на Министерството за локална самоуправа, го објави на 20.7.2020 година на www.nvosorabotka.gov.mk.

На седницата Советот дискутираше за Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година. Беше забележан позитивниот тренд на интерес од страна на граѓанскиот сектор за учество на повикот. Воедно беше посочено дека е потребно да се даде можност на граѓанските организации своите предлози за унапредување на програми и политики да можат да ги дадат преку овој вид на иницијатива. За таа цел, Советот му препорача на Одделението за соработка со невладини организации да го продолжи рокот за  доставување на Повикот.

Членовите на Советот, на седницата дискутираа и за статусот на реализација на тековната Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018 – 2020 година и побараа од Одделението за соработка со невладини организации да изработи ажуриран преглед/ статус на реализација, заклучно со септември 2020 година и да го достави на разгледување до Советот за наредната седница во октомври 2020 година.

Macedonian