Одржана 24. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 2 ноември 2020 година се одржа 24. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за претставниците на граѓанскиот сектор во Заедничкиот консултативен комитет за граѓанското општество на Европската Унија и Република Северна Македонија, ги номинираше следните кандидати:

Благица Петрески, Финанце Тхинк - Институт за економски истражувања и политики Скопје (член);

Данче Даниловска–Бајдевска, Фондација Отворено општество – Македонија (член);

                                                  Зоран Илиески, Коалиција на младински организации СЕГА Прилеп (набљудувач).

Дополнително, Советот го задолжи Одделението за соработка со невладини организации да достави допис до надлежните институциите со преглед на нереализирани активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020, со барање институциите да достават известување за преземените активностите, образложение на причините поради кои активноста не била реализирана и рок во кој планираат активноста да се спроведе. 

На седницата беше презентиран проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од CPM International OU за период од февруари 2020 до април 2022  година.

Советот за соработка со и развој на граѓанското општество констатираше дека на лично барање престанува членувањето во Советот на Силвија Митевска од Здружението за унапредување на меѓусебна доверба Такт Скопје.

 

 

 

Macedonian