Одржана 29. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 29 јануари 2021 година се одржа 29. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата Советот ги разгледа предлозите за изменување на Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите и препорача Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година да се објави согласно Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Репбулика Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.277/19), а два претставници на Советот од редот на граѓанските организации да учествуваат во работата на Комисијата за распределба на средствата во својство на набљудувачи. Исто така, Советот одлучи на наредната седница да расправа за формирање на Работната група за операционализација на препораките на Анализата на финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија (од 2017 година до прва половина на 2019 година) со Компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји и Предлог-модел на Фонд за институционална поддршка на граѓанските организации и ко-финансирање на ЕУ- проектите во РСМ.

Macedonian