Јавен повик до невладини организации во Република Северна Македонија кои работат во областа за спречување на корупцијата и криминалот

Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Со цел креирање на ефикасни мерки и политики а  во интерес на отвореноста на Владата на Република Северна Македонија кон граѓанското општество од особено значење е придонесот од невладините организации, кои работат во областа на спречување на корупција и криминал. За таа цел се потребни предлози и идеи кои би се инкорпорирале во Планот на Владата за борбата против корупцијата и криминалот.

Доставените предлози треба да содржат

  • Конкретни препораки и образложение за истите
  • Конкретни активности за спроведување на препораките
  • Надлежни инситуции за спроведување на активностите
  • Предлог рок за исполнување на активностите

Предлози треба да се достават на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk најдоцна до 26.11.2021 година (петок) до 12 часот.

 

Macedonian