1.1

1.1.Подготовка на измени на Законот за здруженија и фондации (во насока на ревизија и прилагодување на номенклатурата дефинирана во законот со цел препознавање на други форми на здружување, ревизија на одредбите за непартиско дејствување и влијание на избори, анализа на функционалните модели за стекнување со статус од јавен интерес, интегрирање на податоците на регистрираните организации во една база на податоци во отворен формат, заштита на непрофитниот карактер, генерални критериуми за начинот на финансирање на организациите од корисниците на јавни средства итн.)

Показатели

Подготвен е предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации со учество на претставници на граѓанските организации во работната група

Надлежна институција

Министерство за правда,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите за подготовка на законот ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот.  Потенцијална донаторска поддршка во делот на јавни консултации и информативни настани

Статус: Во тек

Преземени активности:

Работната група за изработка на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, формирана во март 2022 год. и координирана од Министерството за правда, со вклучени претставници на Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии, Централниот регистар на Република Северна Македонија и граѓански организации, во 2023 година одржа 4 состаноци, вклучително и заеднички состанок со Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации (15.12.2023). Подготвен е работен текст на Предлог на закон за здруженија и фондации, во кој се инкорпорирани и две нови глави: Државна поддршка на организациите и Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество. Се очекува текстот на законот да биде финализиран во март 2024 година и објавен за консултации на ЕНЕР.

Дополнителни информации: 

Имајќи предвид дека формирањето на нови институции/ фонд предизвикува фискални импликации по буџетот на РСМ, Министерството за финансии не го поддржува предлогот

Подготовка на анализа за финансиската поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на РСМ за 2023 година. Се очекува Предлог Законот за здруженија и фондации да се објави на ЕНЕР во март 2024  

прва половина на 2024 да се достави Предлогот на  закон за здруженија и фондации до Владата

Undefined