5.1.

5.1. Анализа на можностите за ослободување од данокот на додадена вредност (ДДВ) за ко-финансираниот дел на одобрените проекти поддржани од донаторите (Европска Унија, САД, држави членки на ЕУ и држави со кои се потпишани билатерални договори за соработки) во делот на учеството на граѓанските организации за кофинансирање

Показатели

Број на локални донатори кои се свесни за даночните олеснувања и ги поддржуваат граѓанските организации

Надлежна институција

Министерство за финансии,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

2 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Потенцијална донаторска поддршка

Статус: 

Реализирано

Преземени активности:

Во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, подготвен е извештај од Консултативен состанок за даночен третман на граѓанските организации (28.2.2023), во кој се анализирани данокот на доход, данокот на додадена вредност (ДДВ) и даночен третман на филантропското давање. Во извештајот се препорачува даночната рамка да ги одразува спецификите на работењето на граѓанските организации, различна од онаа на комерцијалните субјекти, да се препознае работењето на граѓанските организации во поширок јавен интерес и да се обезбеди даночни стимулации за донаторите на граѓанските организации. Во рамките на истиот проект подготвен е Извештај за правната рамка која им овозможува на граѓанските организации да се вклучат во економски активности, кој содржи преглед на законско регулирање на економските активности на граѓанските организации во земјите на ЕУ, на правната рамка за економски активности на граѓанските организации во Република Северна Македонија, заклучоци и препораки. Во прилог на Извештајот се наведени често поставувани прашања поврзани со економските активности на граѓанските организации во Република Северна Македонија (Анекс 1) и даночни поволности и барања за граѓанските организации кои се занимаваат со економски активности во избрани земји на ЕУ (Анекс 2).

Дополнителни информации:

Undefined