8.1.

8.1. Зголемување на уделот на државно финансирање од централниот буџет и од буџетите на единиците на локална самоуправа, со цел да се достигне удел од 30% (околу 2 милијарди денари) во вкупните приходи на граѓанските организации до 2024 година

Показатели

Во процесот на буџетско планирање во државата организирани се консултации со граѓански организации за планирање на буџетот; Усвоен е Буџет на Република Северна Македонија со вкупно зголемен процент на планирани средства за финансирање на граѓанските организаци (20% од вкупните приходи на граѓанските организации во 2022 година, 25% во 2023 година и 30% во 2024 година) и предвидени се финансиски средства за воспоставување и функционирање на Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на проекти на Европската Унија

Надлежна институција

Министерство за финансии,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

2022 - 20% 2023 - 25% 2024 - 30%

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

 

Статус:

Преземени активности:

Министерството за финансии континуирано настојува за зголемување на средставата неменати за финансирање на граѓанските организации, согласно расположливите можности на Буџетот. Министерството за финансии не го поддржува овој начин на утврдување на средствата за финансирање на здруженија и фондации, преку процентуално издвојување согласно остварените приходи на централно и на локално ниво. Ова од причина што вкупните приходи претставуваат збир од даночни приходи, придонеси, неданочни приходи, приходи од сопствени сметки, капитални приходи и донации, односно задолжителни плаќања кои се утврдени со закон, приливи кои произлегуваат од сопственост на средства, како и неповратни средства добиени од влади на други држави или меѓународни организации, како и од домашни или странски правни или физички лица кои се користат согласно со условите и намените договорени со донаторот, и се распределуваат наменски по буџетски корисници за финансирање на конкретни проекти во нивна надлежност. Министерството за финансии предлага потребните средства за финансирање на здруженија и фондации да се утврдуваат за тековната фискална година согласно буџетските можности.Согласно Извештајот за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од Владата на Република Северна Македонија, органите на државна управа и единиците на локална самоуправа во 2022 година, подготвен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат, споредено со 2021,   финансиската поддршка за граѓанските организации во 2022 е зголемена за 44,5% и изнесува 994.454.416 денари финансиска поддршка за 2.550 проекти/програми на здруженија и фондации, што претставува 7,93% од вкупните приходи на граѓанските организации во 2022. Извештајот за 2023 е во подготовка, но расходите на Централниот буџет за 2023 година за ставка 463 Трансфери до невладини организации за граѓански организации се повеќе од двојно се зголемени во однос на 2022 година, бидејќи според Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на РСМ“ бр./23) во 2023 година реализирани расходи на Централниот буџет, ставка 463 Трансфери до невладини организации за граѓански организации се 643.450.000 денари (од вкупно 1.073.200.000 денари на оваа ставка се одземени средствата на Министерството за правда за финансирање на политички партии, 429.750.000 денари), а според Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на РСМ“ бр.282/22) во 2022 година реализирани расходи на Централниот буџет, ставка 463 Трансфери до невладини организации за граѓански организации се 316.975.000 денари (од вкупно 662.975.000 денари на оваа ставка се одземени средствата на Министерството за правда за финансирање на политички партии, 356.000.000 денари). 

Дополнителни информации:

Министерството за финансии предлага потребните средства за финансирање на здруженија и фондации да се утврдуваат за тековната фискална година согласно буџетските можности.

Подготовка на анализа за финансиската поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на РСМ за 2023 година 

Undefined