3.3.
Primary tabs
3.3. Јакнење на капацитетите на членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, воспоставување алатки за континуирана, независна и ефикасна работа на Советот и вопоставување на механизми за комуникација интерно помеѓу членовите на Советот
Показатели |
Процент на отсуство на членовите од седници на Советот и промена на членови во Советот; Процент на одлуки или предлог политики донесени од Советот кои што се усвоени од релевантните државни институции; Изготвен, усвоен и практикуван план за комуникација на Советот |
Надлежна институција |
Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации |
Рок на спроведување |
1 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот, со поддршка од проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија |
Статус:
Реализирано
Преземени активности:
Во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ одржани се 4 работилници за членовите на Советот (24 и 25.11.2021- онлајн Работилница за информирање, комуникација и консултација со засегнатите страни на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество; 15.12.2012 - Работилница за стратешко планирање; 16 и 17.5.2022 - две полудневни работилници „Градење позиции и постигнување консензус во работата на меѓусекторските советодавни тела“.
Дополнителни информации: