9.1.

9.1. Трансформација на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики во хоризонтален и задолжителен подзаконски акт за сите органи на државната управа

Показатели

Подзаконскиот акт за учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики е задолжителен акт за органите на државната управа

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

3 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамки на редовните работни задолженија на вработените и во рамките на одобрените средства во буџетот

Статус:

Преземени активности:

Во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, на 11.5.2023 се одржа дискусија со фокус група „Учество на граѓанските организации и граѓаните во процесот на креирање политики„ и подготвен е Извештај за клучни механизми за учество на граѓанските организации во процесите на одлучување во Северна Македонија. Извештајот содржи преглед на постојната законска рамка со која се регулираат учеството на граѓанските организации во процесите на креирање политики и донесување одлуки на централно и локално ниво и идентификува неколку проблеми кои го спречуваат воспоставувањето стандардизиран систем за вклучување на граѓанските организации (различни пристапи за спроведување на процесот на ПВР, недостаток на стандардизиран систем за избор на граѓански организации во работните групи, необврзувачка природа на Кодексот за добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики).  

Дополнителни информации:

Undefined