9.1.
Primary tabs
9.1. Трансформација на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики во хоризонтален и задолжителен подзаконски акт за сите органи на државната управа
Показатели |
Подзаконскиот акт за учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики е задолжителен акт за органите на државната управа |
Надлежна институција |
Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации |
Рок на спроведување |
3 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамки на редовните работни задолженија на вработените и во рамките на одобрените средства во буџетот |
Статус:
Преземени активности:
Владата на 18.10.2022 година разгледа Извештај за процесот на консултации при подготовка на предлог-закони, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации во 2021 година, подготвен од Генералниот секретаријат, врз основа на анализа на податоците на ЕНЕР и одговорите на Прашалникот за механизмите на консултација со граѓанските организации при подготовка на предлог-законите и други акти во 2021 година, го дистрибуиран до министерствата преку членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество.
Дополнителни информации: