10.1
Primary tabs
10.1. Поттикнување на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) преку спроведување јавни кампањи за можностите за користење на ЕНЕР
Показатели |
Број на спроведени јавни кампањи за можностите за користење на ЕНЕР; Процент на предлог-закони објавени на ЕНЕР; Процент на предлог-закони објавени на ЕНЕР за кои е почитуван рокот за консултации од 20 дена; Процент на предлог-закони за кои се доставени коментари на ЕНЕР од граѓански организации |
Надлежна институција |
Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации |
Рок на спроведување |
4 квартал 2022, континуирано |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамки на редовните работни задолженија на вработените и во рамките на одобрените средства во буџетот |
Статус:
Преземени активности:
Во периодот 5-7.6.2023 во Гостивар, Штип и Битола, над 50 граѓански организации учествуваа на трите информативни сесии организирани од Граѓанскиот ресурсен центар на тема „Учество на граѓанските организации во креирање политики“, на кои беа споделени и наодите од извештајот „Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на законите, Годишен извештај од следење на ЕНЕР во 2022 година” (https://rcgo.mk/vesti/preku-gragansko-uchestvo-vo-kreiranje-politiki-do-...). Согласно Годишниот извештај за спроведување на процесот на проценка на влијанието на регулативата-ПВР за 2022 година, подготвен од Министерството за информатичко општество и администрација, од 68 предлози на закони утврдени од страна на Владата во 2022 година кои подлежат на ПВР, 27 предлози на закони или 40% биле објавен на ЕНЕР, а за 17 предлози на закони или 25% е испочитуван рокот за консултации од 20 дена до доставување на барање за мислење од МИОА (согласно Методологијата за ПВР). Според Извештајот за процесот на консултации при подготовка на предлог-закони, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации во 2022 година, подготвен од Генералниот секретаријат, од 24 предлози на закони објавени на ЕНЕР, за 11 предлози на закони (47,83%) се доставени вкупно 43 коментари од засегнати страни, од кои 10 (23,26%) се доставени од страна на граѓански организации за 5 предлози на закони. Според Нацрт-извештајот за процесот на консултации при подготовка на предлог-закони, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации во 2023 година, од 37 предлози на закони објавени на ЕНЕР, за 22 предлози на закони (59,46%) доставени се 139 коментари, од кои 19 коментари (13,67%) се од граѓански организации за 10 предлози на закони.
Дополнителни информации: