12.1.

12.1. Спроведување на широки консултации за конципирање на модел на избор на претставници од граѓанското општество во секторските работни групи

Показатели

Спроведени широки консултации со граѓанските организации (четири консултативни средби од кои една на национално и три на локално ниво со опфаќање на повеќе од 70 претставници на граѓански организации)

Надлежна институција

Секретаријат за европски прашања, Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно поланирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за фианансии, Министерство за здравство, Кабинет на заменикот на претстедателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус: Реализиран

Преземени активности:

Со одржувањето на Меѓувладината конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија на 18.7.2022 година и формалниот почеток на пристапните преговори се интензивираа консултациите со претставниците на граѓанскиот сектор со цел да се дефинираат модалитетите за нивно вклучување во овој процес. Со Одлуката за воспоставување на структурата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија  се предвидува можност за учество на граѓанските организации во работните групи за подготовка за преговарачките позиции (член 15 став 4 и член 16). Во насока на обезбедување на транспарентност и инклузивност на процесот, Секретаријатот за европски прашања ги покани граѓанските организации да ги следат објаснувачките состаноци. Врз основа на компаративна анализа на моделите на учество на граѓанскиот сектор во пристапните преговори кај земјите од регионот (Албанија, Црна Гора и Србија) и предлози за можните модалитети во земјата, подготвена во 2022 година од меѓународен експерт, на 28.3.2023 година Секретаријатот за европски прашања одржа конференција на тема „Граѓанските организации – катализатори на европската интеграција на Северна Македонија“, со цел дефинирање на соработката и учеството на граѓанскиот сектор во процесот на преговори со ЕУ. На настанот беа презентирани моделите за вклученост на граѓанскиот сектор во преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, за кои претставниците на граѓанските организации низ отворена дискусија имаа можност да дадат коментари и забелешки. На 21.12.2023 Секретаријатот за европски прашања организираше консултации со граѓанските организации за обезбедување на квалитетни патокази за Владеење на правото и Реформа во јавната администрација, како и за Реформската агенда со која ќе се обезбеди максимално искористување на средствата од Планот за раст за Западен Балкан. 

Дополнителни информации:

Undefined