15.2.
Primary tabs
15.2. Поддршка и спроведување на јавни кампањи за сензибилизација на јавноста за прифаќање на различностите, базирани на толеранција и почитување
Показатели |
Број на едукативни кампањи за превенирање говор на омраза; |
Надлежна институција |
Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Министерство за образование и наука, Министерство за внатрешни работи |
Рок на спроведување |
4 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Потенцијална донаторска поддршка |
Статус: Реализирано
Преземени активности:
Активностите на Министерството за внатрешни работи продолжија и во 2023 година. Од страна на полициски службеници спроведени се 229 едукативни предавања за превенирање на говор од омраза: СВР Скопје одржа 64 едукативни предавања, во 23 средни училишта во Град Скопје и 18 основни училишта во 12 општини (Центар, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Карпош, Сарај, Аеродром, Илинден, Петровец, Чаир и Бутел); СВР Тетово во рамки на проектот „Стоп на говорот на омразата“ одржа 11 едукативни предавања, во 5 средни училишта во Тетово и во 6 средни училишта во Гостивар со што беа опфатени 2.134 ученици. Преку проектот „Безбедност во училиштата за меѓуетнички соживот и толеранција“ спроведени се предавања во 7 средни училишта во Тетово и во 6 средни училишта во Гостивар; СВР Штип одржа 3 едукативни кампањи за превенирање говор на омраза во 2 средни училишта; СВР Струмица одржа 58 едукативни кампањи, од кои 12 на подрачјето на општина Струмица (10 основни и 2 во средни училишта), Валандово 28 (22 во основни и 6 во средни училишта), Гевгелија 11 во основни училишта и Радовиш 7 едукативни предавања поврзани со активноста „Превенција и заштита од врсничко насилство-Булинг (шест во основни и една во средно училиште); СВР Битола заедно со ОВР Прилеп, Крушево, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар одржани се 42 едукативни кампањи за превенирање на говор од омраза (во основните и средните училишта) особено едукација за злоупотреба на социјалните медиуми; СВР Куманово спроведе 38 едукативни работилници во основни и средни училишта на тема ,,Говор на омраза“. За повеќето од активностите кои ги спроведе министерството со поддршка Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше изготвена програма за предавање, а на учениците им беа поделени тетратки со логото на Без омраза – No hate, на македонски, албански, турски и ромски јазик, како и флаери со едукативна содржина.
Дополнителни информации: