Одржана работилница за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за оперативно планирање
Primary tabs
На 6 јуни 2018 година, во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа работилница/обука за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, која беше посветена на оперативното планирање на работата на Советот, запознавање и соработка помеѓу членовите.
Експертите од проектниот тим ги презентираа хрватските искуства во организирањето на работата на Советот, а потоа членовите работеа во мали работни групи со цел дефинирање на приоритети во работењето на Советот.
Членовите на Советот ги посочија позитивните искуства од заедничата соработка и разговараа за предизвиците и можностите со кои се соочуваат. На крајот, беа дефинирани приоритетните области за успешна работа на Советот.
Работилницата беше спроведена во рамките на брзиот твининг проект "Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор "