Одржан првиот состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028

На 14.3.2025 година, во просториите на Генералниот секретаријат, се одржа првиот состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028, на кој учествуваа претставници на ресорните министерства и на граѓанските организации кои во текот на консултативниот процес, спроведен во ноември 2024 година преку www.nvosorabotka.gov.mk, доставија предлог мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот четиригодишен период. Согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2024-2028, визија на новата Стратегија 2025-2028 ќе биде поддршка на инклузивен, независен и професионален граѓански сектор, кој е партнер на институциите во креирањето и реализацијата на стратешките цели на државата, а мерките и активностите ќе бидат систематизирани во две приоритетни области: Создавање на поволна средина за граѓанските организации да ги спроведуваат своите активности и Зајакната соработка и партнерство меѓу граѓанските организации и јавните институции.

Macedonian

Јавен повик за избор на член и заменик член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во областа Заштита на маргинализираните лица

Генералниот секретаријат на Владата повторно објавува Јавен повик за избор на еден член и еден заменик член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите во областа Заштита на маргинализираните лица. Рокот за поднесување на пријавите е до 21 март 2025 година.

Јавен повик

Образец на пријава

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации, објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите (објавен на 20.1.2025 година) и Јавен повик до сите активни организации да го дадат својот глас за еден од кандидатите во секоја од областите на нивното дејствување, согласно статутот. Гласањето се врши со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 27.2.2025 година.

Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар. Гласањето се смета за успешно ако за кандидатот гласале најмалку пет организации.

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање (со вклучена биографија и мотивациско писмо на кандидатите)

Образец за гласање

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS