5.1

СПРОВЕДУВАЊЕ НА АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД ИГРИТЕ НА СРЕЌА, АНАЛИЗА НА СТРУКТУРАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНВАЛИДСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА РЕГУЛИРАЊЕТО НА РАСПРЕДЕЛБАТА НА СРЕДСТВАТА ОД ИГРИТЕ НА СРЕЌА ВО ДРУГИ  ДРЖАВИ -ЧЛЕНКИ НА ЕУ

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

Министерство за финансии

Министерство за правда

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Рок на спроведување

2019, 2ро тромесечје

Индикатори

1. Формирана е работна група за анализата на потребите

2. Број на институции застапени во работната група

3. Број на граѓанските организации застапени во работната група

4. Одржана е тематска седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во врска со распределбата на средствата од игрите на среќа

5. Спроведена е анализа на потребите и јавно е објавена (вклучително и прашањето на неподигнатите добивки,анализа на структурата на националните инвалидски организации и компаративна анализа за распределбата на средствата од игрите на среќа во други држави-членки на ЕУ)

 

ВО ТЕК

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на 5. седница (13.9.2018) ги разгледа заклучоците од јавната дебата на тема: „Игра на среќа врз несреќните – јаболко на раздорот“ и упати писмено барање Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии да ги имаат во предвид со цел реформа на начинот на финансирање на организациите на лица со хендикеп и воспоставување модел кој ќе ѝ овозможи на државата потрaнспарентно и целисходно да ги дистрибуира средствата од игрите на среќа и забавни игри кон организациите на лица со хендикеп. На барање на Советот, Одделението за соработка со невладини организации подготви Информација за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на РСМ во 2018 година и планирани средства 2019 година,  која што беше разгледана на 11. тематска седница на Советот (19.3.2019). Информацијата содржи и податоци од Министерството за труд и социјална политика за распределба на средствата согласно Законот за игри на среќа и забавни игри.           

Информација за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на РСМ во 2018 година и планирани средства 2019 година

Macedonian
Мерки: